БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерката Јаневска ги потврди квалитетите на професорскиот кадар во Македонските универзитети

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска со свое обраќање пред присутните гости на настанот за промоција на нова електронска платформа за рангирање на образовни установи, Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги потврди квалитетите на Македонскиот професорски кадар на универзитетите во државата.

“Се обратив на промоција на нова платформа за академско рангирање на балканските истражувачи и универзитети, врз основа на цитираноста на Google Scholar. Ценам дека платформата АРБУ може да им биде од помош на сите заинтересирани професори, студенти, институции и пошироката јавност, од различни аспекти, но во основа преку неа може да се види реалната слика за високото образование на Балканот и во секоја земја поодделно.

Како Министерство и Влада свесни сме за фактот дека македонското високо образование не е на посакуваното ниво. Не од годинава или од лани, туку години по ред. Затоа и започнавме суштински и системски промени. Паралелно работевме на промени на регулативата, на обезбедување поголем буџет за високото образование и за истражувањата, но и на достоинствен третман на професорите и зголемување на нивните плати.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Длабоко верувам дека имаме квалитетен професорски кадар. Само им треба мал поттик за да ги претворат предавањата во инспирација за студентите. Затоа ја насочуваме поддршката кон подобрување на материјалните услови кадешто работат, кон системи за стимулација и наградување на наставно‑научниот труд, можности за професионален развој и меѓународна мобилност, како и јасни патеки за напредување во кариерата. Професорите добиваат можност да се посветат на квалитетна настава, иновативни истражувања и менторство кон студентите.

Сигурна сум дека сите заедно можеме да изградиме високото образование кое го заслужуваат нашите млади и Македонија.”

-напиша на социјалните мрежи министерката Јаневска во врска со ова нејзино обраќање во рамки на денешниот настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот