Со поддршка на Владата на Швајцарската конфедерација и програмата на Цивика Мобилитас, граѓанските организации “Гласен текстилец”, “ЕХО-едукативно-хуманитарна организација” и “ИНИ- Иницијатива на невработени интелектуалци” во наредните 2-3 недели ќе спроведат серија на јавни форуми за јавна презентација на буџетските иницијативи и застапување, со цел за подобрување на улогата на жените во процесите на одлучување и креирање на јавни политики,
“ГЛАСОТ НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ #Штип#Виница#Делчево
Ве покануваме да бидете дел од форумите за јавна презентација на буџетски иницијативи и застапување, посветени на поголемо учество на жените во креирањето на локалните политики и општинските буџети.
📝 За учество, ве молиме пополнете ја пријавната форма со име и презиме, контакт телефон и градот за кој се пријавувате:
👉 https://forms.gle/3Wj1SrSaNaER6VhbA
Вашето учество е важно за создавање родово инклузивни и одговорни општини.
Проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, е спроведуван од Гласен Текстилец во партнерство со @eho_ed_hum_org и ИНИ од Виница.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец, ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.
#CHinMK#CivicaMobilitas
#ЧекорПоЧекорДоРодовоОдговоренБуџет
#ПравиченБуџет#ГраѓанскиАнгажман“
-напишаа на социјалните мрежи од страна на организаторите на настаное.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина