БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лефков: Интерпелација поднесуваат поранешни министри кои се најзаслужни за состојбите во земјоделието кои ги решава актуелниот министер

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во расправата по однос на поднесената интерпелација за актуелниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска од говорницата во македонскиот парламент ги прозва подносителите на оваа интерпелација која самиот Лефков ја нарече како “политички памфлет” и и прозва за состојбите во овој сектор кои резултураа по 7 годишното владеење на СДСМ и ДУИ.

“Политички парадокс во Собранието.

Интерпелација против министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, ја поднесуваат поранешни министри кои 7 години одлучуваа за институции, буџети и политики, а денес се однесуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставија зад себе.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Реагирав на говорот на Благој Бочварски затоа што граѓаните паметат — кога беше министер, главниот збор во Владата, и тоа за клучни прашања од неговиот ресор му беше Артан Груби

2020,2021,2022 како Влада даваа негативно мислење на наши предлог закони за оризот да биде стратешка култура.

Дополнително го прашав јавно: навистина ли мисли дека Љупчо Николовски нема никаква одговорност за земјоделието по години поминати на чело на ресорот?-Не одговори!

Обид за политичка амнестија на опозицијата наместо грижа.”

-напиша на социјалните мрежи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков пренесувајки видео од неговиот говор од говорницата во Собранието.

Креирано од:


Пренеси го гласот