Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е во дводневна работна посета на Словенија каде што имаше средба со неговата словенечка колешка Ирина Шинко.
“![]()
Во рамки на дводневната работна посета во Република Словенија се сретнав со министерката за земјоделство, шумарство и храна Ирeна Шинко. На средбата разговаравме за унапредување на билатералната соработка помеѓу нашите две пријателски земји, преку реализација на проекти од Акциониот план 2021-2024 година.
Република Словенија обезбедува значајна техничка поддршка за приближување на законодавството на #ЕУ во областа на земјоделството и руралниот развој, но и е силен поддржувач во процесот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Огромна чест е што Република Северна Македонија и оваа година учествува на еден од најголемите саеми за храна и вино #АГРА2022 во Република Словенија, на кој ќе имаме можност да ги претставиме македонските традиционални производи.”
-соопшти Љупчо Николовски- Министер за земјоделие Шумарство и водостопанство.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција