Во врска со случајот со починатиот пациент на Клиника за онкологија информираме дека пациентот е донесен во исклучително тешка состојба, со 4 стадиум метастази на коски, што било констатирано пред една година и дадена терапија.
Од страна на медицинскиот тим веднаш била иницирана постапка за обезбедување крвен дериват. За жал, додека трае оваа процедура, пациентот починал и покрај сите преземени мерки.
Исто така, потенцираме дека семејството на пациентот одбило да се изврши обдукција.
Наводите за губење на медицинската историја на пациентот се неточни, ниту имаат каква било поврзаност со третманот на пациентот.
Министерството за здравство упатува апел до јавноста за почитување на интегритетот, достоинството и професионалноста на сите лекари и здравствени работници. Вербалните и физички закани не смеат да бидат дел од општеството кое се стреми кон хуманост и грижа за здравјето.
Секојдневната работа на Клиниката за онкологија и радиотерапија, но и на другите здравствени установи, носи големи предизвици и емоционален товар. Медицинските тимови постојано се соочуваат со тешки состојби и неизвесни исходи, вложувајќи максимални напори во спасување животи и обезбедување највисок можен квалитет на грижа.
Министерството уште еднаш потсетува дека лекарите се сојузници на пациентите и нивните семејства. Само преку заемна доверба, почит и поддршка можеме да изградиме здравствен систем кој обезбедува хуман и безбеден третман за сите.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово