БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерството за транспорт донесе одлука за ограничувањето на движењето на пловните објекти во Охридското, Преспанското и Дојранското езеро

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и  учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. 

Имено со Одлуката се ограничува:

–            Пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година од 11 часот се до 19 часот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

–            Пловидба на чамци и тоа:  

од 3 јуни до 31 август 2026 година во времетраење од 21.00 до 05.00 часот

од 1 септември до 30 септември 2026 година во времетраење од 20.00 до 06.00 часот

од 1 октомври до 31 октомври 2026 година во времетраење од 19.00 до 06.00 часот

Оваа Одлука се носи со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување на загрозување на безбедноста на капачите и зачувување на јавниот ред на езерата.

Исто така, информираме дека надлежните служби ќе вршат засилени контроли и за непочитување на пропишаните ограничувања ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Апелираме до сите сопственици и управувачи на скутери и чамци да ги почитуваат правилата за пловидба, означените безбедносни зони и насоките на надлежните органи.

Извор: Министерство за транспорт

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace