Денеска, 3 јуни, Кочани е домаќин на гастрономскиот настан „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“, кој се реализира под покровителство на Амбасадата на Шпанија и Општина Кочани.
Градот познат по автентичниот кочански ориз ќе биде местото каде што локалната традиција ќе се спои со богатството на шпанската гастрономија, во ден исполнет со вкусови, знаење и културна размена.
Посебен гостин на настанот е Луис Аруфат, шпански кулинарски експерт со богато меѓународно искуство, кој зад себе има соработка со едни од најзначајните имиња и институции во светската гастрономија.
На Летната сцена при Центарот за култура „Бели мугри“, во 12 ч., ќе бидат презентирани можностите за готвење јадења од кочански ориз, подготовка на традиционални шпански рецепти. Посетителите ќе бидат дел од едно навистина посебно гастрономско искуство што ги поврзува македонската и шпанската култура преку храната.
Ве очекуваме заедно да уживаме во денот кога вкусовите ги поврзуваат традициите!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Осум награди за ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари на 23. Меѓународен детски етнофестивал „Децата од Балканот“ во Хасково, Бугарија
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани