БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Митевски: Нови инфраструктурни проекти за селата Моштица и Моштица 1

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Нови патишта и нова водводна мрежа во селата Моштица и Моштица 1 најави денеска кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од ВМРО- ДПМНЕ, Дарко Митевски. – Во програмата имаме неколку капитални инфраструктурни проекти во каменичките села Моштица и Моштица 1. Продолжуваме со инфраструктурните проекти и ветувам дека нема да остане ниту една куќа до која нема да има асфалтен пат за период од една година кој е пред нас, бидејќи овој проект е веќе започнат, рече Митевски. Најави и целосна водводна мрежа за Моштица 1 и Моштица. – Имаме подготвено проектна документација и ќе направиме нова водоводна мрежа која ќе биде контролирана од Јавното претпријатие. Ќе ја реконструираме старата училишна зграда во селото Моштица, нова веќе имаме изградено, а старата ќе ја преадаптираме во повеќенаменски простор што ќе го користат жителите овие селски средини, истакна Митевски. Тој додаде дека ќе се асфалтира патот до Гребенот и ќе се изгради патот до Талевско Маало, како и улици во населбата Павлиш Дол. – Исто така, ќе направиме нова канализациска и водоводна мрежа за Павлиш Дол, посочи Митевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace