БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Митко Чавков од затвор најави битка на политички прогонетите лица од Македонија во судот за човекови права во Стразбур

Пренеси го гласот

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков кој што е осуден на затвор во врска со случувањата на 27 април во Македонскиот парламент, денеска на социјалните мрежи се обрати во јавноста со своја реакција во однос на состојбата во која се наоѓа тој но и останатите политички прогонети поединци од страна на актуелните власти.

Во продолжение ја пренесуваме неговата реакција интегрално:

,,Ништо не може да не демотивира во правната битка со ДРЖАВЕН АПАРАТ, времено КИДНАПИРАН ОД ПОЛИТИЧКО – КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ во власта, помогнати за среќа од мал број партиски војници и слуги на ѓаволот во полицијата, обвинителството и судството.
Но наместо да не обесхрабрат, ТИЕ НЕ МОТИВИРААТ да истраеме во БОРБАТА ЗА ПРАВДА, борба која повеќе не е само наша, туку борба за правдата и владеење на правото за сите во МАКЕДОНИЈА.

Нити имаме, нити сакаме друга опција и друга форма на “пара борба”, најмалку пак сакаме да бидеме дел од ТИЕ политичко-криминални пазарења, на што сме сведоци до сега. Напротив, со кренати глави, со презир кон трговците со правото, независно каде припаѓаат и од каде доаѓаат, ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

Се разбира, БИТКАТА ЌЕ ЗАВРШИ ВО СТРАЗБУР ВО КОРИСТ НА ПОЛИТИЧКИ ПРОГОНЕТИТЕ И во корист на ЖРТВИТЕ на апсурдниот ДРЖАВЕН ТЕРОР, со целосно разобличување на ИГРАНКАТА СО ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ, на АКТЕРИТЕ кои тоа го прават и се разбира, најважното – на ПРИЧИНИТЕ и МОТИВИТЕ зошто тоа го правеле.

НИЕ КАКО ПОЕДИНЦИ, НЕМА ДА СМЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ ПОБЕДНИЦИ, ЌЕ ПОБЕДИ МАКЕДОНИЈА А СИТЕ ТРГОВЦИ КОИ СЕ ПОИГРАА СО НАШИТЕ СУДБИНИ, ЖЕСТОКО ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ВИСТИНСКА ПРАВДА!!!

Креирано од:


Пренеси го гласот