БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тамара Тодевска прозборе: Mногу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија се, само по два месеци!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако на приемот во Американската амбасада го изостави текстот од Македонската химна каде што се споменуваат националните херои, Тамара Тодевска за првпат во јавноста зборува за овој преседан кој што таа го направи, како и за нејзините чувства во врска со самиот настан

Најпрво таа објасни дека нејзиниот татко кој што работи во Американската амбасада во Скопје, ја повикал да пее на настанот организиран од неговите работодавци… па зборуваше како била предупредена да го препрочита текстот на химната пред самиот настап, за што таа се правдаше дека го прочитала, меѓутоа ја прочитална погрешната верзија од Химната…

Зборуваше за теоа дека тие биле денови кога таа требало да биде среќна за нејзиниот успех на Евровизија, но се чувствувала луто на својот народ затоа што не ја разбрале нејзината грешка со химната која била ненамерна…

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Беше ненамерна грешка и омразата започна. Ме мразеа толку многу! Тоа беше период кога требаше да бидам среќна, горда на себе, а јас бев затворена помеѓу четири ѕида. Се прашував што се случи…

На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е прв пат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на мојот народ. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија се, само по два месеци! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“.

-рече таа во рамки на интервјуто за wiwibloggs.

Погледнете го целото интервју со Тамара Тодевска, а особено делот кога водител од нејзината лева страна се шегува со промената на името на државата и промената на Химната на Република Македонија…

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace