Продолжението на приказната за еден од највлијателните и комерцијално најуспешни светски death metal бендови Hypocrisy, за ордите нивни фанови кои ги стекнаа во изминатите 30-тина години, се чини дека вредеше да се очекува.
После 8 години од нивното последно издание “End of disclosure”, Hypocrisy на 26 ноември ќе го објават нивниот 13-ти целовечерен албум именуван едноставно “Worship”.
Првиот сингл заедно со своја видео визуелизација беше објавен пред два дена. “Chemical whore” е песна која е снимена во 2018 година, а наредната 2019 година пред пандемијата со Ковид-19 бил снимен спотот, а неговата објава го чекала вистинското време.
Персната и спотот зборуваат за ефектите од практикувањето на “модерната” фармација врз светската популација. Зависноста од лекови, мултимилионскиот бизнис кој што се стимулира по различни основи, како и ефектите што го имаат врз животот на обичниот човек е лајт мотив во оваа песна/спот, но и нешто многу повеќе.
Песната е своевиден крик за освестување, будење од опијатскиот сон во кој се чини заробен целиот свет.
Бруталните сцени во спотот и не се толку брутални кога ќе помислите дека ваквата состојба е реалност насекаден на земјината топка.
Погледајте и разбудете се!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врвниот виолинист Емилио Перцан од Германија доаѓа да предава и музицира во Македонија затоа што ја сака земјата
Пушти го кучето нека провери…
Безвременски цитати: Емил Зола