Градот на Маите Уксмал во Јукатан бил основан околу 700 година од нашата ера и имал околу 25.000 жители.
Конфигурацијата на градбите во самиот град кои што датираат од периодот 700-1000 година од нашата ера укажуваат на фактот што жителите на Уксмал имале широки познавања од астрономијата. Пирамидата на исцелителот, како што шпањолците ја нарекуваат, доминира во церемонијалниот центар, кој што има добро обликувани градби декорирани со мешавина од симболични мотиви и скулптури кои го прикажуваат Чаак, бог на дождот.
Церемонијалните градови Уксмал, Кабах, Лабна и Сајил се сметаат за врв на уметноста и архитектурата на Маите.
Урнатините на серемонијалните структури во Уксмал ја претставуваат суштината на доцната Мајанска уметност и архитектура со но нивниот дизајн, ориентација и орнаментација. Комплексноста на Уксмал и неговите три сродни градови Кабах, Лабна и Сајил восјитувачки ја демонстрираат социјалната и економска структура на доцнежното општество на Маите.
Археолошкиот локалитет Уксмал е лоциран на 62 километри јужно од Мерида околу кој е формиран центарот на Пууч регионот кој што покрива 7500 километри квадратни во југозападниот дел од Мексиканската држава Јукатан. Регионот бил центар за трговија и размена на идеи- и најверојатно и луѓе со другите делови од Мексико.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Почина легендарниот актер Џејмс Ерл Џоунс
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Заборавен од своите соиграчи