БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Муртезани: „Први во регионот ги добивме средствата, ЕУ испраќа силна порака за доверба и партнерство во нашиот реформски капацитет“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се обрати на прес-конференција по повод пристигнувањето на средствата од претфинансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од страна на Европската комисија.

„Траншата е во висина од 52,4 милиони евра, односно 7% од вкупната сума на финансиска помош за земјата, која што како што знаете, изнесува околу 750 милиони евра. Оваа исплата е врз основа на  барањето за претфинансирање, за кое во ноември мината година известивме дека, како национален координатор за Реформската агенда, го потпишав и го доставивме до ЕК. Со ова, Северна Македонија стана првата земја во регионот која ги доби овие средства откако претходно ги презеде сите неопходни чекори односно ги заврши правните процедури; т.е.  Договорот за заем и Договорот за грант стапија на сила. 

Втората важна вест поврзана со Реформската агенда е тоа што на 14 март 2025 година, до Европската комисија, во предвидениот рок го доставивме првото Барање за ослободување на средства во висина од 17,1 милиони евра за имплементација на конкретни реформски чекори. Во барањето ги надведовме реализираните активности до декември 2024 година (рок кој од Комисијата беше продолжен до февруари 2025 година).“ – истакна Муртезани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение може да се погледне видеото од прес-конференцијата: 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace