Во ноќните часови на 13 спроти 14 јуни 2018 г. ќе се спроведе првото прскање за заштита од комарци. Ќе биде опфатена површина од 300 хектари на следните локации: градското подрачје на Кочани, селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
За третманот против комарците ќе се користи препаратот аква к-отрин, со активна супстанција делтаметрин, широкопојасен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево