БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за јавна консултација за измените на Законот за локална самоуправа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во понеделник 20.01.2025 година во свечената сала при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип со почеток во 10.00 часот ќе се одржи консултативна конференција во врска со измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа.

На настанот свое учество ќе има министерот за локална самоуправа Златко Перински како и дел од тимот кој што на експертско ниво е вклучен во самиот процес.

“Ве покануваме на вториот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кој ќе се одржи на 20.01.2025 година, понеделник, со почеток во 10 часот, во свечената сала на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Настанот ќе го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински, а меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим кој е вклучен во процесот, проф. д-р Гордан Георгиев и м-р Тони Попоски. На настанот ќе присуствуваат и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, градоначалници од Југоисточниот, Источниот и Вардарскиот плански регион, претставник од УНДП, како и претставници од невладини организации.

Пред официјалниот почеток на настанот, предвидени се изјави за медиумите.

Настанот е организиран од страна на Министерството за локална самоуправа, со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и ЕЛС.

Целта на овој настан е да овозможи активно вклучување на локалната самоуправа и невладините организации во процесот на подготовка на измените и дополнувањата на Законот, со што се обезбедува поголема транспарентност и инклузивност.”

-стои во поканата упатена до јавноста на Министерството за локална самоуправа.

Креирано од:


Пренеси го гласот