БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за отворање на граничен премин “Клепало” кај Берово и можност за отварање на ГП “Црна Скала” кај Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Игор Јанушев кој што е носител на кандидатската листа на пратеници од Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица со свое видео обраќање најави повеќе капитални инфраструктурни проекти кои што содржани во програмата “Проект: Обнова” во однос на патната инфраструктура и сообраќајното поврзување на државата.

Покрај реконструкцијата на сите државни патишта и завршувањето на изградбата на експресните патишта Штип=Кочани и Штип-Радовиш кое беше почнато во време на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев најави огромна дополнителна експанзија на сообраќајната инфраструктура во наредниот период.

Станува збор за отварање на новите гранични премини “Црна Скала” кај Делчево кон Ќустендил и “Клепало” кај Берово кон Сандански во соседна Бугарија како и изградбата на експресниот пат Ранковце- Паланка и железничката пруга Куманово-Деве Баир.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со овие огромни капитални инвестиции Република Македонија ќе добие нов импулс на својот развој од секаков аспект.

Креирано од:


Пренеси го гласот