Откако на социјалните мрежи беше споделено видеото во кое што се гледа како оссумина полициајци со повеќе службени возила приведуваат во полициското комби “марица” дете со својот миленик- куче со своја реакција во јавноста излезе и Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој нареди истрага за полицајците вклучени во оваа ситуација.
Во продолжение ја пренесуваме неговата реакција:
“❗️Во текот на денешниот ден на социјалната мрежа “Facebook” се споделува видео на кое се забележуваат неколку полициски службеници кои преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните.
🗣Во таа насока би сакал да ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди конкретниот случај е евидентиран и се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници, a за исходот од проверките во текот на утрешниот ден дополнително ќе биде известена јавноста.
☝️ Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!