БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Фељтон во 7 дела: БАЛКАНСКИ ВОЈНИ (дел 7) ВТОРА БАЛКАНСКА ВОЈНА -Битката кај Калиманци

Пренеси го гласот

Во текот на делумно неуспешната за бугарската армиjа битка каj Брегалница командувањето на истата донесло одлука за тактичко повлекување на исток од линиjата Крива Паланка – Штип – Гевгелија со длабочина до 50 километри кон Царево Село со цел да биде организирана стратегиска заштита на подобри позиции. Српските и црногорските трупи не се обиделе да преследуват со кое jа изгубиле инициjативата, така што бугарската армиjа во добар ред дошла до линиjата од врвот Ждрапаница во Осоговските Планини на север до селото Будинарци во Малешево на jуг, каде на 27 jуни генерал Вичо Диков дал заповед на бугарската 4 армиjа да биде изградена цврста линиjа за одбрана. Во меѓувреме српските и црногорските сили се реорганизирале и се кренале во сеопшт напад на 4 jули, поткрепени од 3 и 10 грчки дивизии, кои настапувале од Струмица на север кон Пехчево кон левиот фланг на 4 армиjа.

Првите истрели на битката биле дадени уште на 4 jули, кога српските сили достигнале до бугарскиот фронт и почнале артилериски напад во центарот на заштитната позициjа во реонот на Калиманското плато. Главните воени операции биле кренати на следниот ден, 5 jули, кога во раното утро во 9:00 часот Црногорската дивизиjа настапила во центарот кон Калиманци и патот кон денешниот Благоевград. Црногорците биле сопрени од огнот на 2 бригада од 4 Преславска дивизиjа, по кое се дигнале во противнапад 8 Приморски и 31 Варненки бугарски полкови, кои отфрлиле црногорците далеку назад. Во истото време српски трупи од Тимочката дивизиjа и Моравската дивизиjа II призив атакувале 7 Рилска дивизиjа на jуг од Калиманци, али исто биле одбиени. Неуспешни били и нападите на Моравската дивизиjа I призив на краjот на jужниот фланг. Генерал Диков дал заповед на 8 Тунџанска пешадиска дивизиjа на десниот бугарски фланг, коj не бил под притисок на противникот, да премине во активно деjство и да настапува во споредба со условите. Во напад преминале и трупите на Македонско-одринскиот доброволен корпус меѓу десниот фланг и центарот во подршка на 8 дивизиjа.

На 6 jули деснофланговата 8 Тунџанска пешадиска дивизиjа настапила и дошла до контакт со противниковите сили во реонот на врвот Повиен, каде веднаш била ангажирана, а врвот бил освоен. Успех добили и македонско-одринските доброволци, кои во вечерта на 5 jули излезле на реката Каменица, а на 6 jули jуначки ги освоиле Безиковските и Дуленските височини, на кои црногорците и србите во своjот бег го изоставиле пешадиското оружjе и артилериjата.
Во наредните денови србите и црногорците организирале неколку нови последователни јуриши за да ги заземат загубените позиции, али претрпиле нови порази. Бугарите ги задржале сите освоени линии на север и во центарот и настапиле на jуг, по кое jужниот фланг на српската армиjа отстапил назад на запад под бугарските атаки. Грчките 3 и 10 дивизии исто биле одбиени и не успеле да доjдат до контакт со српската армиjа. Со тоа битката каj Калиманци била решена и стратегиската офанзива на српската и грчката армии кон исток и север била конечно сопрена.

Независно од тоа што бугарската армиjа ги победила српските и црногорските сили во битката каj Калиманци и во битката каj Кресна jа опкружила скоро целата грчка воjска, таа немала како да ги искористи своите успеси, бидеjки на 28 jуни невмешаната до овоj момент во балканскиот конфликт Романија jа нападнала Бугариjа во грб, а на 1 jули во напад против Бугариjа се кренала и Отоманската Империја. На 18 jули бугарската влада побарала мир. Краj на воjната бил ставен со познатиот Букурешки договор од 10 август 1913 година.

Извори:
1. “Паметни битки и сражения”, Николай Янакиев, “Сражението при Калиманската позиция”, София, 1993, стр. 124-126.
2. “Паметни битки и сражения”, Николай Янакиев, “Сражението при Калиманската позиция”, София, 1993, стр. 124.
3. Richard C. Hall, The Balkan Wars, 1912-1913: Prelude to the First World War, p. 120.
4. “Паметни битки и сражения”, Николай Янакиев, “Сражението при Калиманската позиция”, София, 1993, стр. 124-126.
5. “Паметни битки и сражения”, Николай Янакиев, “Сражението при Калиманската позиция”, София, 1993, стр. 126-127.

Креирано од:


Пренеси го гласот