Група битолчани вчера во Градот на конзулите со протест со испишани порали на транспаренти го пречекаа Зоран Заев и целата негова Влада.
“Битола памти! Не заборава”; “Нобелова за лажење”; “Како беше она? Каков воздух дишат битолчани”, беа само дел од испишаните пораки на транспарентите.
Од страна на млад битолчанец исто така беше упатена порака на социјалните мрежи заедно со дел од фотографиите од самиот протест:

“Почитувани, денес нелегитимната влада на државата која самите си ја нарекоја северна, наспроти јасниот референдумски одговор, одржа седница во Битола.
Токму така. На лицемерието му нема крај. Доколку само ги погледнеме ветувањата од предизборната кампања на СДСМ за парламентарните избори, ќе видиме дека 90% од ветувањата за Битола и битолчани не се остварени, а остатокот од 10% не се до крај реализирани. Тоа само уште еднаш ќе каже дека до СДСМ владее една безидејна и неспособна екипа која во последниов период беше преокупирана со манипулирање,кршење на човековите права и слободи, местење на тендери, рекетирање неистомисленици и бизнисмени, непотизам, вработување на партиски војници, кршење на уставот, задолжување на државата и што уште не.
Додек пак, ако ја погледниме предизборната програма од последните локални избори на, денешниот домаќин на оваа фарса од седница, Наташа Петровска градоначалник на Битола во обид, срамот ќе биде уште поголем, а неспособноста ќе дојде уште повеќе до израз.
На транспарентите испишавме дел од она што битолчани сакаат да им го порачаат на узурпаторите на владеачките позиции, а исто така и да ги потсетиме со што ги манипулираа битолчани.
Битола никогаш не заборава, а битолчани секогаш казнуваат, а тоа се покажа на претседателските избори, тоа ќе се покаже и на парламентарните избори кога и да се случат истите.
Оваа безидејна влада, анти демократска, корумпирана и непотистички настроена, мора да падне што поскоро, за што поскоро да изгрее новата зора на слободата и обновата на Република Македонија што поскоро да започне, за подбра иднина на целиот Македонски народ и сите граѓани на Република Македонија и поквалитетен живот во оваа наша држава”
-стои во објавата на Марко Јосифовски кој што е Претседател на Унијата на млади сили на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
На протестот било забележливо зголеменото присуство на полицијата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Малолетно девојче физичко нападнато во Кочани
Тошковски: Велигден да ни биде поттик и инспирација да ги задржиме во себе хуманоста и добрината во борбата за егзистенција како луѓе и како нација
Претседателката и Премиерот од Македонскиот Ерусалим- вечниот Охрид ја дочекаа радосната вест за Воскресението Христово и вечниот живот