БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Според Член 16 од Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија, евроинтегративецот кој се грижи за употреба на јазиците според новиот закон за двојазичност во Македонија, на своето биро има поствено Македонско знаме на начин кој е регулиран со овој член кој вели

Член 16

Ако знамето на Република Македонија се истакнува во Република Македонија заедно со едно или повеќе знамиња на други држави, или меѓународни организации, знамето на Република Македонија се наоѓа во зависност од начинот на поставувањето на тие знамиња:
1) во средината на кругот така што јасно да се гледа – ако другите знамиња се наредени во круг;
2) во средината на полукругот – ако другите знамиња се наредени во полукруг;
3) на чело на колоната – ако другите знамиња се наредени во колона;
4) на прво место во редот, односно од левата страна гледано однапред – ако другите знамиња се наредени во ред;
5) на чело на групата ако другите знамиња се распоредени во групи.

Ако знамето на Република Македонија се истакнува заедно со други знамиња со вкрстени копја, копјето на знамето на Република Македонија мора да биде поставено пред копјата на тие знамиња, гледано однапред.

Притоа со Прекршочните одредби на овој закон се дефинира и санкцијата за ваквото прекршување

ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 30
Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на правното лице ако:
1) ги употребува грбот и знамето на Република Македонија спротивно на одредбите од член 3 на овој закон;
2) ги употребува грбот и знамето на Република Македонија и ја изведува химната на Република Македонија во поинаква форма и содржина од онаа утврдена со овој закон (член 4);
3) ги употребува грбот и знамето на Република Македонија како знаци за одбележување на стоки и услуги (член 5);
4) употребува оштетени или со својот изглед неподобни за употреба грб и знаме на Република Македонија (член 6);
5) не ги употребува грбот и знамето на Република Македонија согласно со одредбите од член 7 на овој закон;
6) ја изведува химната спротивно на одредбите од овој закон и
7) изведувањето на химна на странска држава спротивно на одредбите на овој закон.

Глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на одговорното лице на правното лице за прекршок од став 1 на овој член.

За прекршок од став 1 на овој член глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на одговорното лице на органот на државната власт, единицата на локалната самоуправа, јавната установа, јавното претпријатие и јавната служба, што ја основа Републиката, односно единицата на локалната самоуправа.

За прекршок од став 1 на овој член глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на физичко лице.

Ако прекршокот од став 1 на овој член се изврши на јавен собир глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на лицето одговорно за организацијата на јавниот собир.

Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од член 24 на овој закон.

А бидејќи правото и правдината во оваа држава се мисловна именка, решивме во јавност да ја споделиме ваквата проблематична ситуација, за граѓаните да видат кој тоа им спроведува/неспроведува закони на највисоки извршни функции во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace