Кога се мисли на тестамент, нормално е да се очекува да се работи за пари или за имот . Но еве неколку познати личности што всушност навеле во својот тестамент како нивна желба.
1. Вилијам Шекспир
Шекспир имал барање дека по неговата смрт, неговата сопруга треба да го добие вториот најудобен кревет од неговиот дом. Неговиот најудобен кревет не го оставил никому.
2. Чарлс Дикенс
Имал барања за изгледот на ужалените на неговиот погреб. Луѓето кои носеле марами, црни машни и наметки не смееле да присуствуваат на погребот.
3. Александар Меквин
Меквин барал да бидат одвоени 70.000 евра само за погреб на неговите кучиња .
4. Џенис Џоплин
Желба и било луѓето да не си одат тажни по нејзиниот погреб. Поради тоа во тестаментот одвоила 2.000 евра за организирање целовечерна забава во нејзиниот омилен паб по завршувањето на погребот.
5. Мерлин Монро
Мерлин Монро одлучила да не му остави ништо на нејзиното семејство. А целиот нејзин имот завршил кај Лиј Стразберг, нејзиниот учител по глума.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Повеќе од радио фреквенција: Урбан ФМ како дигитална медиумска
ФЛУ Скопје со меѓуакадемската изложба „Нишки / Threads“ гостува во Белград
Започнува “Зимска приказна Делчево 2025-2026”- најголемата новогодишна манифестација за граѓаните на Делчево досега