БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започнува “Зимска приказна Делчево 2025-2026”- најголемата новогодишна манифестација за граѓаните на Делчево досега

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со вкупно над 130 уметници и изведувачи, цели 22 денови, во текот на цел ден со многу песна, забава, подароци, театарски претстави, филмски проекции, промоција на книги, афирмација на локални автори, диџеи, улични забавувачи, пантомима, маскоти и секако задолжителниот Дедо Мраз…

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски заедно со вработените во ЕЛС Делчево, локалните училишта, детската градинка, Јавното комунално претпријатие, ТППЕ Делчево, здруженија на граѓани а пред се во сесрдна соработка со бизнис секторот и стопанството во општината и пошироко, на граѓаните на општина Делчево ќе им подари досега невидена и незаборавна новогодишна магија со содржини за сечиј вкус и внимание.

Денеска на прес конференција Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски ја најави овогодинешната новогодишна манифестација “Зимска приказна”: Магијата започнува овде и ги образложи главните карактеристики на програмата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Особен куриозитет на оваа досега невидена организација на ваков вид на програма е што за истата општина Делчево нема потрошено ниту денар пари од општинскиот буџет, туку целата новогодишна програма се реализира со поддршка и соработка со бизнис секторот и стопанството, чии што претставници покажаа огромно ниво на граѓанска одговорност пред локалната заедница во Делчево, финансирајки ја целокупната програма и изведувачи.

Во продолжение го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Градоначалникот Гоцевски:

“Почитувани граѓани, почитувани присутни медиуми,

Денеска имам чест да ја најавам најголемата новогодишна манифестација која граѓаните на Делчево имале можност да ја проследат во историјата на постоењето на нашата општина.

“Зимска приказна Делчево 2025-2026 година” веќе започна со својата реализација со вчерашниот спектакуларен и незаборавен концерт на Фолклорната Група Вапцаров во Организација на Центарот за култура во Делчево.

Под слоганот “Магијата започнува овде” во наредните 20-тина денови Делчево ќе блесне со сиот свој новогодишен сјај, за што веќе е подготвено свеченото осветлување на центарот наградот кое ќе биде соодветна визуелна подлога за повеќедевната новогодишна програма која ќе следува за сечиј вкус и внимание.

Пред граѓаните на Делчево ќе продефилираат уметници од локалните и национални институции во Делчево од нашите училишта, детската градинка, националната установа Центар за култура, здруженија на граѓани, и поединци но и Македонски уметници, артисти и музички состави кои моментално се едни од најзначајните имиња во своето жанровско претставување во Македонија.

Под ѕвезденото небо во Делчево публиката ќе може да проследи

-бројни настапи на Македонски диџеи на различни видови електронска музика, Македонска постара и современа компонирана музика, евергрин хитови за сите генерации, рок и реге, блуз и популарна музика,

-испреплетени со програма која ќе се реализира со костимирани аниматори и забавувачи, улични уметници и секако вечниот Дедо Мраз кој ќе подари новогодишни пакетчиња за сите дечиња до петто одделение,

-преку Филмски проекции на современи филмски остварувања во градското кино во Делчево, театарски претстави за најмалите но и театарска магија за повозрасните….

Така што со гордост можам да кажам дека нашето Делчево ќе биде епицентар на досега невидена културно-забавна програма за сите генерации во текот на целиот ден во наредните 20-тина денови.

Апелирам на одговорно однесување од страна на сите граѓани во пресрет на новогодишните празници, заеднички со максимално позитивен дух да создадеме вистинска незаборавна магија преку радост, среќа и хармонија во нашата заедница.

Според предвидените финансии за реализација на предвидената програма, пресметките на Комисијата за култура на општина Делчево говорат дека оваа новогодишна програма ќе чини некаде околу 400 илјади денари, кои што во целост се обезбедени од спонзори за што повторно им благодарам на општествено одговорните компании кои со свои финансии ќе приредат незаборавна новогодишна атмосфера за нашата локална заедница. Општина Делчево во оваа програма учествува со НУЛА денари потрошени пари, само и  единстевено со посветен менаџмент на вработените службеници преку Комисијата за култура на општина Делчево во рамки на нивните редовни работни обврски.”

-рече денеска од градоначалничката говорница Градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace