Со уредувањето на новите простории на детската градинка “Кокичиња” во село Таринци во општина Карбинци жителите добиваат зголемени просторни капацитети за згрижување на дечињата а со тоа и повеќе можности залокален економски развој на општината и подобар животен стандард на граѓаните.
Имено станува збор за решавање на подолгорочна потреба на жителите од оваа општина кои што поради недостигот на просторни капацитети во детската градинка мораа да прават компромиси во врска со своите вработувања и основна егзистенција, за да ги чуваат своите дечиња. Со уредувањето на новите простории сега капацитетот за дневен престој и предучилишен воспитно-образовен процес чиј што капацитет достигна 100 дечиња, нивните родители ќе може безгрижно да ги доверат своите најмили во градинката за дневен престој и подобро организирање на своите работни обврски за поголеми семејни приходи.
Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов преку социјалните мрежи сподели своја видео презентација за постигнатиот успех во изминатиот период во врска со обезбедените сретства за реализација на овој значаен проект од повеќе аспекти за јавниот живот во општината. Овој проект е дел од програмските определби на градоначалникот Паунов кој што продолжува со несмален интензитет да ги спроведува своите проекти кои значат подобрување на стандардот за живот во општина Карбинци. Во периодот кој претстои во најава се уште поубави проекти за реализација, со што гражаните на општина Карбинци ќе бидат дополнително информирани.
Во продолжение го пренесуваме видео записот пренесен во јавност од страна на градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов во врска со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа