БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наум Стоилковски го разобличи патриотизмот на Костадин Костадинов

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Го гледам Костадин неколку дена нагласено се обидува да продава патриотизам, правдајќи го така колапсот на државата.
Коста, Kosta Kostadinov, прво Заев ти се откажа од патриотизмот, ако си заборавил, порача дека НЕ ВИ ДОЛИКУВА. Сега тоа дополнително се потврди.

Второ, тебе по изјавата #ЧумуТиЕидентитетБезПари па ич не ти доликува да зборуваш за патриотизам!

Ја клекнавте државата две недели да не може да издржи, ја исцицавте секоја здрава клетка од неа, качувајќи си плати на министри, именувајќи неспособни кадри, преземајќи улоги на „реформатори“ таму каде воопшто не ви е место, товарејќи ја администрацијата со партиска војска, меѓу кои и мајка ти, двете твои тетки, синови, браќа, деца, балдзи, фризерки на твои сопартијци- функционери. Удривте по фондовите на сите страни.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дали да те прашам за тендерите и рекетирањето на компаниите и постојниот притисок врз странските инвестиции за што на сите им е јасно каде завршуваа парите? Дали да те прашам за Леонардо, рентање хеликоптери, па и да прашам каде е сега новата државна клиника, каде е штипската болница… Зошто си игравте со даночната политика? Каде се сега Костадине сите силни пари кои исчезнаа во „блескањето“?

Со сето ова, гледам дека не ни знаеш што значи Патриотизам, па си го тераш како „флоскула“.

Ама ќе го препознаеш, наскоро. Само да останеме живи и здрави!

Креирано од:


Пренеси го гласот