БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кровот на училиштето во Скопје кој беше однесен од ветрот се уште не е саниран

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ реагираа во јавноста за се уште несанираните штети на кровот на хемиското средно училиште кое беше оштетено од силните ветрови кои го погодија главниот град пред околу еден месец.

Притоа како резултат на влажното време кое ноќеска ја зафати цела држава постои опасност од понатамошна штета врз училиштето што дополнително претставува мотив за аларм на Градоначалникот Петре Шилегов.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата упатена до јавноста од страна на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО – ДПМНЕ

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“На фотографијата е прикажано како работи СДСМ.

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов повеќе од месец дена не го санира кровот на средното хемиско училиште.

Во истиот месец дена имаше повеќе врнежи од дожд а сега и снег и настанатата штета секојдневно се зголемува. Но на Петре Шилегов не му е грижа за тоа поради тоа што не плаќа тој, туку граѓаните на Скопје плаќаат од својот џеб за неговото неработење и неодговорност.

Петре Шилегов ти поминува и претпоследната година од мандатот кој ти минува во зимски сон “

Креирано од:


Пренеси го гласот