По повод први октомври, светскиот ден на интелигенцијата и јубилејот 80 години од основањето на Mensa International,
Менса Македонија организира ТЕСТИРАЊЕ на општата интелигенција со цел прием на нови членови,
на 01.10.2026 (четврток), во 18:30 часот, на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии – Руѓер Бошковиќ 18, Скопје.
Кандидатите е потребно:
– да имаат полни 16 години,
– да уплатат 600 денари на:
примач: Менса Македонија,
сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка,
цел на дознака: Тестирање
– да понесат документ за лична идентификација на самото тестирање,
– од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и
– претходно да не се тестирале повеќе од два пати.
Пријавувањето се одвива на линкот:
https://forms.gle/LWDH9XC8LGAvSiA36
каде треба да прикачите и доказ за извршена уплата, заклучно со 30.09.2026.
Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството и младите лица. Сите крводарители, ученици и студенти имаат 50% попуст, односно треба да уплатат 300 МКД.
Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.
Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!