На социјалните мрежи е споделена фотографија со автомобил паркиран во “дебела” сенка во тревна површина за кој од опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека е во сопственост на градоначалникот на Виница Ивица Димитров.
Од опозициската партија ги алармираат граѓаните да не бидат како “градоначалникот во заминување”
“Јавните зелени површини треба да се одржуваат.
Јавните зелени површини не треба да служат како паркинг простор.
Не бидете како градоначалникот во заминување, не паркирајте на јавните зелени површини.”
-напишаа од УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Виница на фејсбук.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!