БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Професионални дишни апарати за пожарникарите од Кочани – донација од „Амфенол“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Територијалната противпожарна единица – Кочани прими донација од компанијата „Амфенол“ – четири најсовремени апарати со компримиран воздух, специјално дизајнирани за гасење  пожари во индустриски и во најтешки услови.  

Донираната опрема, во износ од 10 илјади евра, ги исполнува највисоките европски и светски безбедносни стандарди, изработена е од огноотпорни материјали, а боците работат под висок притисок од 200 до 300 бари. Апаратите се лесни за носење, тежат околу 3 кг без боцата и поседуваат звучен аларм и прецизен манометар за навремено предупредување.

– Ова е донација што ја обезбедивме за ТППЕ – Кочани за оваа година, со цел таа директно да придонесе за поголема безбедност и ефикасност на пожарникарите на терен.  Се надевам дека на овој начин ќе успееме да ги заштитиме и да ги мотивираме, да знаат пожарникарите дека и во најтешките моменти не се сами – истакна Сашко Наков, директор на компанијата „Амфенол“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов упати огромна благодарност до компанијата „Амфенол“ за донацијата.

– Донацијата од маски и боци е исклучително значајна за спасување животи во најтешки околности. Овозможува нормално дишење во затворени простории каде што токсичноста е огромна и благодарни сме што со оваа современа опрема пожарникарите при интервенирањето ќе можат да се задржат подолго време, а притоа ќе можат слободно да дишат – изјави градоначалникот Грозданов.Благодарност за донацијата од општествено-одговорната компанија „Амфенол“ изрази и командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов, кој додаде дека апаратите се од голема помош во справувањето со пожарите коишто, за жал, се случуваат сѐ почесто. 

Креирано од:


Пренеси го гласот