БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Несовесен сторител предизвикал пожар на депонијата во Кочани, општината веднаш на терен реагира со сите расположиви сили

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Повторно сведочиме на неодговорно и несовесно однесување кое директно го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.

Депонијата повторно е намерно запалена од несовесни поединци. Ваквите постапки не се само чин на неодговорност, туку претставуваат сериозна опасност за сите нас. Наместо да придонесуваат за почиста и побезбедна средина, поединци свесно создаваат проблеми чии последици ги чувствува целата заедница.

Општина Кочани и КЈП „Водовод“ реагираа веднаш по добиената информација и се на терен, каде со максимален ангажман работат на локализирање и гаснење на пожарот. Благодарност до сите вработени кои и во овие услови вложуваат огромен труд за да ја стават ситуацијата под контрола.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Апелираме до граѓаните да покажат совест и одговорност. 

Кочани заслужува чиста и безбедна средина. 

Општина Кочани ќе продолжи да презема сè што е во нејзина надлежност за справување со ваквите ситуации и ќе инсистира на утврдување одговорност за секој што свесно го загрозува јавниот интерес.

Креирано од:


Пренеси го гласот