“Подолг период се говореше она што денес се објави. Високи преставници на властите во Македонија не криеја во неформални кругови дека со години лобираа за истото да се случи.Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на блаканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос кој вложи многу напори и финасии за соборување на владата која ја предводев.Жалам за одлуката на State Department која ја објавија денес а меѓу другите се однесува на мене. Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на листата се неточни информации на кој се подлегнало и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене во Македонија. Од тој аспект чуствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финасиски или матерјален интерес. Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината. Ќе продолжам да се борам за Македонија.”
-интегрален текст на соопштението упатено до јавноста од страна на поранешниот Премиер на Република Македонија Никола Груевски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина