БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски без колебање: Иван Михајлов е име кое провоцира и разделува- Петков се дружеше со маргиналци во Битола

Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во своето гостување во “Тема на денот” во централниот дневник на ТВ Сител, зборуваше за повеќе актуелни теми кои го обременуваат секојдневието на јавноста во последните неколку денови.

Во отсуство од јавност и криење на претставниците во власта од СДСМ и ДУИ со нивниот експлицитен молк за отварањето на т.н културен центар “Иван Михајлов” во Битола, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено како ниту еден високо рангиран политичар во државата го истакна ставот за штетноста на ваквиот чин од страна на бугарскиот премиер Кирил Петков.

Во однос на прашањето на водителката за името кое што го носи овој т.н. културен центар именуван по “Иван- Ванчо Михајлов”, Николоски го истакна својот став кој што кореспондира со ставот на мнозинството граѓани на државата дека станува збор за личност која раздвојува и гест кој што провоцира од бугарска страна.

“Јавноста е неподелена. Се работи за една личност која што на ниеден начин не може да спојува, туку напротив, е личност која што провоцира и личност која што може да прави само поделби помеѓу Македонија и помеѓу Бугарија. И неспорни се реакциите и перцепцијата на јавноста е јасна и затоа не мислам дека е случајно што е избрано тоа име. Се работи за избор на име кое што треба да направи провокација, да ги повреди чувствата на Македонците како доминантно население кои што живее во Република Мaкедонија и да создаде тензии обратно од она што се промовира во јавност. Мене ми е жал што премиерот Петков кој што се прокламира себеси како еден модерен политичар, успеа буквално да тргне по умот на едни маргиналци тука во Македонија, кои што не се ништо друго освен маргиналци и кои што успеаа да го земат со себе во Битола. Всушност цела Битола знае кои се тие неколку луѓе кои што се околу клубот и со едни такви маргиналци да го навредува целокупниот македонски народ.”

-истакна категорично Александар Николоски- Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и продолжи:

“Јас ги почитувам, правата на Бугарите во Македонија, околу 1500 има на пописот и апсолутно имаат право да се организираат, да се здружуваат за разлика од Бугарија која што не им дава право на Македонците да се здружуваат но можеа да одберат посоодветно име, особено кога доаѓа премиер на држава и потпретседател на држава.

bregalnickimarketing

Еве еден предлог- можеше на пример доколку е навистина клуб за култура да се стави името на поетот Пеју Јаворов. Се работи за етнички бугарин кој што бил и во четите на Гоце Делчев и на Јане Сандански… е првиот биограф на Гоце Делчев една година после убиството на Гоце Делчев пишува негова биографија во 1904 година, понатака е добар пријател и на Тодор Александров како следен водач на ВМРО, а е еден врвен поет, всушност и една од неговите најдобри песни “Ден Денуваме” е посветена на Гоце Делчев. Ете тоа би можела да е некоја личност која што ќе се види и културата но и условно кажано место каде што двата народи можат да видат мост. А кога ставате личност која што јасно ги раздвојува двата народи тогаш е ништо друго освен провокација е и ништо друго освен понижување кое што се случи на јавна сцена и за кое што за жал нити премиерот Димитар Ковачевски нити владата соодветно реагираше.”

-поентираше Николоски во првиот дел од разговорот во вестите на ТВ Сител.

Целото интервју со потпретседателот на најголемата парламентарна партија Александар Николоски може да го погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот