БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Ковачевски не кажа речиси ништо ново на синоќешната прес конференција

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Актуелната конструкција која што власта на Димитар Ковачевски ја турка во јавноста како резултат на т.н. француски предлог, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ја оквалификува како обид за ново национално предавство. Тој на почетокот на синоќешната емисија Клик Плус на ТВ 21 го коментираше однесувањето на Ковачевски на неговата прес конференција во владата, при што заклучи дека премиерот не кажал речиси ништо ново во јавноста во врска со т.н. модифициран француски предлог.

“Јасно е дека ако имаше добар предлог за Македонија, вечерва на прес конференција, претседателот на владата ќе славеше, ќе го објавеше и ќе покажеше што е тоа добро за Македонија. Ако внимателно се следеше прес конференцијата ќе се види дека тој скоро ништо и да не кажа, ги избегна речиси сите прашања на новинарите и вртеше три реченици во круг….

….според нашите сознанија измените се само семантички и е мала шминка. На пример нема да пишува протокол ќе пишува разгледување на годишен извештај за спроведување на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Тоа на крајот е исто, што би рекол народот не по врат по шија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Да беше предлогот добар за Македонија Димнитар Ковачевски вечерва ќе славеше на плоштад тука во близина кај што сме сега а нема да кружи како “киша око Крагујевца” и да избегнува одговор на било какво новинарско прашање. Да беше предлогот добар немаша во една минута да го прифатат и Румен Радев и Кирил Петков, има поделени мислења за нив но за Радев има неподелено мислење дека е екстремен. Така што тие немаше да го прифатат ако ова беше добар предлог за Македонија.”

-соопштие потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во синоќешната дебатна емисија Клик Плус на канал 21 ТВ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace