На денешната 10 седница на Советот на Општина Делчево како единствена точка на Дневниот ред беше Предлог-Решение за избор на командир на Полициската станица од општа надлежност Делчево.
Од страна на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски до советниците во општинскиот совет беа доставени три предлози за оваа значајна функција во МВР на локално ниво во Делчево.
Тројцата предложени кандидати од страна на Министерот Спасовски беа:
- Аце Атанасовски
- Александар Мицевски
- Лилјана Даневска Богдановска
Во рамки на расправата по однос на точката на Дневен ред од страна на Иван Гоцевски- Координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше реагирано дека во рамки на предлозите требало да бидат доставени професионалните постигнувања и заслуги на секој од кандидатите врз основа на што советниците подобро би можеле да го извршат изборот и да гласаат за најдобриот кандидат.
Исто така поради можности од непријатности во иднина кон советниците и граѓаните кои ги претставуваат во општинскиот совет, советникот Гоцевски побара тајно гласање по однос на доставените кандидати.
По паузата која беше дадена поради советнички консултации и откако беше прочитан делот од Статутот на Општина Делчево во кој се регулира постапката за тајно изјаснување на советниците, а по процедурална забелешка на советник од владеачката СДСМ, Претседателот на Советот на општина Делчево Гоце Попов сепак овозможи гласање за предложените кандидати.
Во рамки на гласањето ниту еден од именуваните кандидати не го доби потребниот број на гласови на мнозинство советници со што не беше избран командир на ПС од ОН Делчево.
Оваа раководна позиција во МВР во Делчево е од особено значење за граѓаните на Делчево но и пошироко во државата, поради што Делчево е погранично место и транзит зона за можни потенцијални криминални дејства.
Во изјава за Брегалнички портал советникот од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Иван Гоцевски го повтори ставот на советниците на опозицијата дека при предлагање на кандидати за избор на оваа значајна функција од страна на министерот Оливер Спасовски добро би било да се достават и пошироките биографии на кандидатите за да се изврши најсоодветен избор на најдобриот кандидат од страна на советниците. Исто така советникот Гоцевски во јавност ја апострофира важноста за избор на Командир на ПС од ОН Делчево и упати апел до Министерот Спасовски за што е можно побрзо спроведување на повторената постапка за предлог на кандидат/и со што ќе продолжи нормално да работи полициската станица во Делчево.
Во Делчевскиот совет распоредот на политички сили е следен:
СДСМ и коалицијата- 8 советници
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата- 6 советници
Левица- еден советник


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип