Не му “цветаат ружи” на СДСМ и Венко Филипче според резултатите од најновата анкета на интернет порталот МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн.
И покрај поминати повеќе од две години во опозиција СДСМ предводена од Венко Филипче стои забетонирана на убедливото второ место со речиси 4 пати помал рејтинг кај граѓаните во споредба со ВМРО-ДПМНЕ.
Според резултатите на анкетата спроведена во периодот од 11 до 27 септември на примерок од 1.200 испитаници на територијата на цела цржава СДСМ има бенигни 5.6% рејтинг наспроти рејтингот од 19.3% на владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Овие бројки се особено поразителни за СДСМ кои како партија се секојдневно присутни на партиската говорница во нивниот централен штаб со прес конференци кои што не допираат до граѓаните и покрај драматичните квалификации изнесени од Филипче преку нивните медиумски алатки. Затоа после повеќе од 2 години длабока општа опозиција оттука се наметнува прашањето што е тоа што СДСМ предводена од Филипче прави погрешно?
Одговорот на ова болно прашање за СДСМ стои во вториот графикон кој ги претставува резултатите за рејтонгот на лидерите на партиите кои пледираат за освојување на довербата на Македонските граѓани.
Очајни 3.8% рејтинг на претседателот на СДСМ Венко Филипче наспроти 20.4% рејтинг на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Македонски Премиер Христијан Мицкоски е аргументот позади кој СДСМ како партија не може да се одели од дното на своја политичка беда во која се наоѓа како партија која до пред 2 години “палеше и гасеше” во државата.

Лидерот на една политичка партија доколку партијата сака да има нагорен тренд во остварувањето на своите политики треба да биде прогресивен граѓански магнет за пристапност, комуникација и соработка, што не е случај со Венко Филипче кој цела недела излегуа на прес конференции, однесувајки се крајно затворено, непристапно и фрустрирано , притоа упатувајки недолични квалификации измешани со неоснована реторика и невистини опкружени со манипулации.
Тоа што е конзистентно во комуникацијата на Венко Филипче со јавноста е неговата борба за повторна промена на Уставот на Република Македонија со цел ставање на бугари во устав, што како политика не ја поддржуваат огромен број на граѓани.
Паралелно со ваквата состојба во врвот на СДСМ, “тронот” на на Филипче на Бихаќка се тресе под аргументите на т.н. група 12.05 која бара оставка од Филипче и демократски избор на ново раководство во партијата за да партијата излезе од оваа политичка кал во која се наоѓа
Анкетата по нарачка на порталот МКД.мк агенцијата Маркет Вижн е спроведена со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час