Продолжуваат реформите во Фондот за здравство во интерес на здравствените осигуреници. По серијата на придобивки за граѓаните Директорот на фондот Сашо Клековски најави нови мерки кои актуелната власт ги превзема за подобрување на состојбите во овој значаен ресор.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за значително намалување на цените на две клучни дијагностички услуги за рано откривање на рак на грлото на матката.
ХПВ генотипизацијата се намалува за 39,8%
Ликвид ПАП цитологијата се намалува за 43,2%
Се намалува и партиципацијата што ја плаќаат пациентите
Со ист буџет ќе се овозможат значително повеќе тестирања и поголем опфат на жени со превентивни прегледи.
„Нашата цел е превентивните здравствени услуги да бидат подостапни за граѓаните. Со намалувањето на цените овозможуваме повеќе жени навреме да направат скрининг, бидејќи раното откривање спасува животи“, истакна генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски.
Воедно, ФЗОМ обезбеди и континуитет во снабдувањето со терапија за пациентите кои користат лекови со активна супстанција топирамат за третман на епилепсија.
Погледнете ја прес-конференцијата на следниот линк:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене