БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова се деталите од проектот кој го спроведува “Гласен текстилец” за женската вклученост во јавните политики

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини

Родовата еднаквост е прашање чиј што одговор создава еднакво општество, во кое се распределуваат финансиските средства на многу поправеден и потранспарентен начин. Досегашната анализа покажува дека тие се уште се родово неутрални и не ги земаат предвид специфичните потреби на жените и мажите. За да се промени состојбата потребно е граѓанските организации да бидат препознаени во својата локална заедница, за да имаат успешна соработка со сите конституенти и да ја уживаат довербата во заедницата.

Предложени решенија и активности ќе донесат трансформативни промени преку промовирање на транспарентност, отчетност и интегритет во структурите на локалната власт. Ќе работиме на зајакнување на антикорупциските механизми, зајакнување на транспарентноста во процесите на донесување одлуки и поттикнување на родово одговорни политики и практики. Преку мобилизирање на жените и девојките, нивно зајакнување со знаења и вештини и олеснување на нивното активно учество во процесите на донесување одлуки, ние имаме за цел да создадеме порамноправно и инклузивно општество.

Вкупен буџет: 5.558.286 МКД

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026

Специфична тема: Родова еднаквост

Контакт лице: Благојче Дишоски | blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk

Партнери:

  1. Здружение ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип              
  2. Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци Виница                     

КОРИСНИЦИ И ЦЕЛНИ ГРУПИ:

 Жени и девојките од општините Штип, Виница и Делчево. Работнички од текстилната индустрија, жени претприемачки, жени во социјален ризик (жени жртви на насилство, жени и девојки од етнички заедници, жени со хендикеп); пензионерки; новинари од локални медиуми – дописници на националните медиуми, претставници на медиумите; локалната власт – градоначалници; вработени во јавната администрација; претставници од граѓанските организации; членови на општинските совети; општинските комисии и секторите во општините; студенти/ки и средношколци/ки.

ЦЕЛИ:

Општа цел: Мобилизација и развивање на критичко и независно мислење кај жени и девојки за активно учество во креирањето на локалните политики и преземање на активна улога во решавање на родово сензитивни проблеми во општините.

Специфични цели:

  1. Да се направи проценка на актуелните потреби и приоритети на жените и девојките во локалната заедница;
  2. Да се зајакнат капацитетите на жените лидерки и граѓанските активисти за  активно учество во креирање и застапување на родово одговорни политики во општината;
  3. Да се оствари организирано влијание и притисок врз локалните власти за решавање на родово сензитивните проблеми во заедницата.

РЕЗУЛТАТИ:

  1. Утврдени потреби и приоритетите на жените и девојките во локалната заедница;
  2. Мобилизирани ,анимирани, едуцирани и мотивирани жени и девојки за креирање на родово сензитивни политики во заедницата;
  3. Подготвени  3 родово буџетски иницијативи;
  4. Подготвени информативни материјали -постери во вид на упатства со информативна содржина за начинот на истражување на потребите, мобилизација на жените, вклучување и лобирање за остварување на конкретни барања и иницијативи;
  5. Реализирани 3 локални форуми;
  6. Реализирана 1 регионална конференција.

АКТИВНОСТИ:

A1.1. Проценка на локалните потреби и проблеми на жените и девојките  од надлежност на општината:

A1.1.1. Подготовка на анкетен прашалник

A1.1.2. Теренско истражување (анкетирање)

A1.1.3. Анализа на прашалник и подготовка на извештај

A2.1. Мобилизација, едукација и создавање на јадро на женски активистки, жени лидерки од партиите, раководителки од општините:

А2.1.1. Подготовка на содржина и дизајн  за промотивно информативни материјали за мобилизација  на жени и девојки

А2.1.2. Реализација на 3 отворени информативни денови

А2.1.3. Работилница на тема: Можности и форми за учество на граѓаните  во креирање на локални политики; Проценка на потреби на жените и девојките во општината

А2.1.4. Работилница на тема: Родова анализа и родово сензитивни политики; Родово одговорно буџетирање и родово буџетски иницијативи

А2.1.5. Работилница на тема: Застапување за родово одговорни политики и родово одговорен буџет

A3.1. Подготовка, презентација и поднесување на 3 родово буџетски иницијативи, преку трите форуми во Штип, Виница и Делчево:

А3.1.1. Работни средби за подготовка на РБИ

А3.1.2. Презентација на 3  родово буџетски иницијативи пред релевантните чинители и медиумите

А3.1.3. Состаноци  со градоначалник, координаторка за еднакви можности, претседател на совет, КЕМ, претставници на комисиите при Советот на општината

А3.1.4.  Поднесени 3  родово буџетските иницијативи пред Советот на општините

A4.1. Промотивно-едукативни материјали и објави на социјалните мрежи:

А4.1.1.  Подготовка на информативно-едукативни постери – упатство со наслов „Чекор по чекор до усвојување на родово одговорен локален буџет“

А4.1.2. Печатење, и дистрибуирање на информативно-едукативни постери – упатства со наслов „Чекор по чекор до усвојување на родово одговорен локален буџет“

А4.2. Континуирана медиумска кампања преку социјалните мрежи и електронските медиуми:

А5.1. Реализација на 3 граѓански локални форуми

A6.1. Една регионална конференција (за Источен регион)

Проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

ИЗВОР: ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ

Креирано од:


Пренеси го гласот