Адвокатот Јанаки Митровски со свој став ја коментира одлуката на судот да ја прифати паричната гаранција на екс директорот на Царинската управа Стефан Богоев од 55 илјади евра во замена за мерката ефективен притвор со домашен притвор. Според адвокатот Митеовски ваквата одлука е незаконска и може да се одрази негативно на истрагата.
“На денешните вести на АЛФА ТВ на новинарско прашање за коментар за прифаќање на гаранцијата за Богоев, изјавив дека истото е незаконско бидејки гаранција не може да се прифати на отворена истрага. Во моментот немав информација дека всушност во само три работни дена ОЈО ГОК ги прибрало сите докази, испитало сите сведоци и ја тргнале точка 2(можност за влијание) со што практично се создале услови Кривичен совет да ја прифати гаранцијата.
Сумирано Советот во овие услови МОРА, на позитивно мислење од ОЈО ГОК да ја прифати гаранцијата бидејки спротивно би го повредувале правото на слобода на Богоев, а законски постапува и ОЈО ГОК бидејки работи брзо и приоритетно на притворски предмет.
Просто речено СЕ Е ПО ЗАКОН!!!!
Исто вака експедитивно и со цел прифаќање гаранција ОЈО ГОК работи и за кога се јајари обвинети, да не случајно помислите дека им менува профилот на осомничениот!!!!!
СееПоЗакон #ЕкспедитивностиЕкономичност #ОЈОГОКзаПретседател”
-напиша на социјалните мрежи адвокатот Јанаки Митровски.
Прилогот на ТВ АЛФА е достапен на сл. линк

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене