БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На празникот Источен (Црн) Петок- Балаклија кај истоимениот манастир во Делчево во 1933 година биле поставени телата на убиените комити од последната чета на ВМРО

Во дворот на градската црква Успение на Пресвета Богородица во Делчево се наоѓа Спомен костурницата на загинатите комити од последната пијанечка чета на ВМРО. Над мермерната плоча на која се испишани нивните имиња се наоѓа исклесано во камен шеснаесет крако сонце.
Пренеси го гласот

Осумнаесетти април 1933-та година….Драмче, Царево село, Пијанец, Македонија…..Од рани зори е нападната полициската станица во ова пијанечко село…

На едната страна припадници на српската жандармерија, а на другата четниците од последната пијанечка чета на комити која делувала на овој терен веќе близу една деценија под водство на војводата Дончо Христов, роден во село Драгобраште (денешна Општина Кочани). По ликвидацијата на деветмина српски жандарми четата е опколена од страна на засилени српски жандармиски сили од околните места и во нерамна борба погинуваат последните вооружани горостаси на тогашната Внатрешно-македонска револуционерна организација во регионот на Пијанец.

Четата на војводата Дончо Христов

Нападот на полициската станица бил директно испровоциран од страна на разбојнички акции и репресалии преземани од тогашните српски власти врз македонското селско население во регионот на Пијанец-Малеш, подолг период наназад и директен одговор на ВМРО за заштита на сопствениот народ.

Оружјето и борбената опрема запленети од комитите на последната Пијанечка чета на ВМРО, по нивното убиство

Нерамноправната битка завршила кобно за Дончо Христов, Јангел Симеонов (роден 1892 во тогашното Царево село-денес Делчево), Митко Паликрушов (роден во Виница), Стојан Георгиев (роден 1898 година во село Драгобраште-Кочанско) и Васил Николов (роден 1895 година во село Кучичино-денешна Бугарија), но истовремено оваа битка била кобна и за уште 20-тина српски жандарми и 40-тина повредени од страна на српската власт.

Фото: Петмина загинати комити од Последната чета на ВМРО во Пијанец поставени на рамниште во атарот на село Драмче 20 април 1933 година Од лево на десно: Стојан Георгиев (Давитков); Васил Николов (Дејчанов); Димитар Паликрушов; Дончо Христов; Јангел Симеонов Дел од убиените комити, биле поставувани на видни места од страна на српските окупаторски власти, за народот да ги гледа мртвите тела на комитите и да се плаши од можните реперкусии за било каков нареден вооружен отпор.

По завршетокот на борбените дејствија телата на загинатите комити биле јавно поставувани на повеќе места и фотографирани, за да на крај завршат на собориштето кај манастирот Св. Богородица Балаклија каде се одвивал надалеку познатиот собор посветен на празникот Источен (црн) петок Балаклија, како воен трофеј и успех на тогашната српска власт во сузбивањето на македонското револуционерно движење. Од тука телата биле земени од страна на свештени лица и погребани во дворот на централната црква на тогашното Царево село, каде денеска стои спомен плоча на која се испишани имињата на загинатите комити под осумнаесеткракото сонце исклесано во камен над жуборливата фонтана изградена во знак на нивно сеќавање и почит.

Спомен плочата на гробот на комитите од последната чета на ВМРО во Пијанечкиот регион. Уредената костурница е на отворено каде почиваат коските на комитите во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево

Кои се овие луѓе, од каде се, за што се залагале и бореле и на крај за кого умреле?

Ова се прашања чиј одговор е повеќе од јасен, но некому оваа вистина ни малку не му се чини валидна…. Исто како и многу други слични прашања поврзани за оваа тема….

Но вистината е една и единствена….Овие луѓе родени од жуборот на Брегалница, во прегратките на планините Голак, Влаина, Осогово, под допирот на ветерот на живописните шуми, се залагале, бореле и животот го положиле за народот кој живеел во овој регион…Регион на Пеонците, луѓе родени од вистината…. Вистината за сопственото постоење…Луѓе кои и ден денеска ја раскажувааат истата вистина….

Слава им на јунаците…Ги имало и ке постојат….Засекогаш….


Војводата Дончо Христов од последната чета на ВМРО во Пијанец
Дончо Христов е Македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Христов е роден во селото Драгобраште, Кочанско. Влегува како деец на ВМОРО

За време на Првата Балканска Војна е регрутиран од страна на Османлиската армија од каде што дезертира и се приклучува во Бугарските чети кои што се борат за ослободување на МАкедонија заедно со српските и грчките армии.

По Првата светска војна учествуваше активно во обновата на ВМРО, а во 1922 година станува четник во четата на Ефрем Чучков. На 24 јули 1923 година ја извршува пресудата над предавникот Мите Суджукаро за кое е одликуван со значка на организацијата и револвер. Во 1924 година станува самостоен војвода во Царевоселско и води голем број борби со српските чети.

Во 1924-1925 година Дончо Христов ја раководи околиската Царевоселската чета со 18 четници. Заедно со четите на Георги Вандев и Ефтим Чифлишки одржуваат казнена акција во февруари 1925 година во Малешевско и Радовишко против српската власт, во одговор на нејзини испади против локалното население. Во 1927 година е тешко повреден во борба, но се спасува.

На 18 април 1933 година Дончо Христов заедно со Димитар Паликрушев, Стојан Георгиев, Ангел Симеонов и Васил Николов напаѓаат жандармериски станица во село Драмче и убиваат 9 жандарми, потоа се опколени од српска војска и во битката со бомби убиваат 20 српски војници, а други 40 остануваат повредени Дончо заедно со четата загинува истиот ден во Драмче.

Дончо Христов остава вдовица и четири деца.

Креирано од:


Пренеси го гласот