Во сабота 25.10.2025 година во Конференциската сала на Спомен Домот АСНОМ во Делчево на официјалнен настан организиран од Општинската Изборна Комисија Делчево беа доделени Уверенијата за избран Градоначалник избрани советници во Советот на општина Делчево.
Настанот го отвори Тања Стојковска од ОИК Делчево која што ги врачи уверенијата на новиот Градоначалник и новите Советници во општинскиот совет во Делчево.

Со убедлива победа на Првиот круг на Локалните избори во Делчево во трката за градоначалник победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” Иван Гоцевски. Тој со освоени 5187 гласови го победи кандидатот од СДСМ и Коалицијата Дејан Глинџарски кој што освои 1765 гласови со 696 неважечки гласачки ливчиња.
Убедлива победа со освоени 10 советнички мандати извојува Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” со вкупно освоени 4308 гласови по што по резултат следуваат советничката листа на СДСМ и Коалицијата со освоени 3 советнички мандати или вкупно 1597 гласови.
Во Советот на општина Делчево свое место изборија и носителот на кандидатската листа од политичката партија Левица како и носителот на листата од Движењето ЗНАМ, така што конечниот распоред на мандатии во наредниот 4 годишен мандат на Советот на општина Делчево изнесува 10-3-1-1.
Ваквиот распоред на силите во локалната власт во Длечево доаѓа по 8 годишно владеење на СДСМ кои што го имаа мнозинството во општинскиот Совет и свој градоначалник во градоначалничката фотелја Горан Трајковски во два мандати 2017-2021 и 2021-2025 година
Новиот Градоначалник на Длечево Иван Гоцевски преку социјалните мрежи упати своја кратка порака за оваа пригода:
“Денеска на пригодна свеченост организирана од ОИК Делчево го примив Уверението за избран Градоначалник на нашата општина.
Уште еднаш упатувам лична благодарност на сите граѓани на Делчево за покажаниот висок демократски капацитет во рамки на целокупниот изборен процес.”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бетонирани пристапни патеки во Кочани и во Оризари
Јавен повик: Консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани