Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” скопје денеска со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на големиот Македонски просветител и духовник го одбележа овој значаен духовен и световен празник за нашиот народ.
,,Оној кој го чува словото,
тој ја чува и душата на еден народ”
Денес по повод 8 Декември, Св. Климент Охридски, патронот на нашата институција, највисоки државни делегации положија цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски во дворот на Националната библиотека
.
Трочлена делегација во состав: Јовица Никчевски – директор, Арсена Глигорова и Магдица Шамбевска раководителки на сектори положи цвеќе во име на колективот на Библиотеката.
Нека е честит празникот
За многу години!”
-напишаа на социјалните мрежи од НУБ “Св. Климент Охридски” Скопје

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!