Вчера и денеска (25-26.03.2023 година) во просториите на Центрaлниот штаб на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево се реализира дводневен настан за обука за градење на капацитетите на членовите на опозициската партија од микрорегионот Пијанец- Малеш.
Оваа регионална работилница има за цел да ја подобри соработката меѓу членовите и симпатизерите на општините Делчево, Берово и Пехчево во пресрет на претстојните парламентарни избори, како и афирмација и промовирање на политиките на опозициската партија во јавност.
На настанот главен гостин кој што ја модерира целокупната дебата е политичкиот аналитичар Сотир Костов, додека домаќин е Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски.
Лошата општа состојба во сите сфери на живеење во овие три општини на крајот на истокот од Република Македонија предизвика масовен погром на исселување на работоспособното население како резултат на катастрофалните лоши политики на актиелната власт на ДУИ поддржани од СДСМ за што е потребно семакедонско обединување да се запре ваквиот негативен тренд, но и да се работи на аеднички напредок во претстојнио период, со што ќе се надминат актуелните поразителни состојби.
Во продолжение погледнете ги во целост изјавите на Иван Гоцевски- Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево и Сотир Костов- Политички аналитичар кој што е по потекло од Брегалничкот регион.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Mора да се бориме за целосна рамноправност меѓу жените и мажите, што ВМРО-ДПМНЕ во Делчево на силен начин го докажуваме
В.д. градоначалникот на Кочани Крстевски потпиша грант за нови 5 илјади водомери на територијата на општина Кочани
Со детска театарска претстава завршува одбележувањето на Детската недела во Кочани