Викендов, празнично се одржа традиционалниот 42. Богородичен младински фудбалски турнир. Од вкупно пријавените седум екипи, победничкиот пехар го понесе екипата на Облешево.
Второто место и припадна на екипата на Чифлик, а третото место на екипата на Долни Подлог. Наградите беа во пехари и парични награди, односно за прво место 15.000 денари, 10.000 денари за второ и 5.000 денари за третото место.
Освен прогласените најдобри три екипи, пехари беа доделени и на најдобриот играч, најдобриот стрелец и најдобриот голман.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика
Верските обреди во Кочани по повод годишнината од трагичниот пожар – со највисоките црковни великодостојници
Најавени бројни гости и делегации – градоначалникот на Кочани апелира во претстојните денови жителите да се воздржат од користење автомобили