Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод денешниот голем православен христијански празник Св. Јоаким Осоговски беше во посета на Осоговскиот манастир посветен на овој светец.
Мицкоски присуствуваше на на Светата Божествена литургија во чест на празникот по што со присутните верници можеше да поразговара за нивното секојдневие.
Тој од Крива Паланка упати желба за промени кои ќе донесат подобри времиња за сите граѓани.
“На празникот Св. Јоаким Осоговски во посета на Осоговскиот манастир и Светата Божествената литургија. Нека е честит и за многу години празникот. Да бидеме обединети, да се избориме за промени, подобри времиња и заедничка иднина и напредок.”
-соопшти Мицкоски во врска со посетата.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мислимe не може полошо- се лажемe: Врховниот суд пред одлука што може да го урне македонскиот економски систем
Kрис Павловски донираше еден милион денари за семејствата и настраданите
Тошковски: Секој еден којшто допринел за оваа ужасна трагедија којашто и се случи на Македонија ќе одговара, нема да е како досега во случаите