БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Брнз со свој коментар за отпорот на украинските сили на воената агресија на Русија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз за шест месеци од неиспровоцираната општа инвазија на Украина од страна на Владата на Русија денеска во јавноста упати свој коментар.

“Издржливоста и истрајноста на украинскиот народот го инспирираат светот да ја поддржи нивната борба за слобода. Вооружените сили на Украина храбро се борат за да ги одбранат вредностите што на сите нас ни се драгоцени.

Додека санкциите и понатаму им нанесуваат штета на борбените капацитети на Путин, украинските сили успешно ја бранат својата земја, а украинскиот народ е пообединет од кога било.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Соединетите Американски Држави им имаат обезбедено безбедносна помош во вредност од речиси 10 милијарди ам. долари, откако на 24 февруари Русија започна смислена, неиспровоцирана и брутална војна против Украина. Северна Македонија, исто така, се покажа како непоколеблив партнер, целосно усогласувајќи се со санкциите наметнати од ЕУ и обезбедувајќи голема помош, особено ако се согледа во однос на нејзината големина.”

-стои меѓу другото во коментарот од aмбасадорката Кејт Брнз на Македонски јазик кој целиот интегрално може да го погледнете на веб страната на амбасадата на САД во Република Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace