Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден присуствуваше помеѓу жителите на Штип.
Заедно со членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, упати силни пораки за обединетост на Македонскиот народ во ова време на премрежја и негаторски однос на актуелната власт кон се што е Македонско.
Притоа ги повика сите граѓани на завршниот митинг на Гордана Сиљановска Давкова и Коалицијата за Подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕкој ќе се одржи во овој регионален центар на Брегалничкиот регион.
Енергија, сплотеност и единство подигнати на највисоко ниво.
ВМРО ДПМНЕ- ШТИП со право се нарекува центар на Македонштината.
Во Петок на 19.04 од 20:00 часот ве очекуваме на завршниот митинг. Штип бил и ќе биде срцето на ВМРО.
-напиша во оваа пригода Јохан Тарчуловски од Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“