Во рамки на годишната програма за одржување на јавните локални патишта и улици за 2026 година Општина Берово спроведе реализација на санирање на оштетувања на сообраќајници на територијата на градот Берово, во поголем обе,
Станува збор за санирање на околу 500 м2 ударни дубки и оштетувања кои што претставуваа потешкотија за одвивање на сообраќајот низ Берово.
Градоначалникот на општина Берово Петар Ружинскија информираше јавноста дека и во наредниот период оваа активност ќе продолжи да се реализира со што беровчани ќе имаат подобар и побезбеден сообраќај во градот а со тоа помалку стрес и нервоза.
“Продолжуваме со активности за подобрување и одржување на патната инфраструктура во Општина Берово.
Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2026 година, реализиравме санација на ударни дупки, на повеќе улици низ општината, со вкупна површина од околу 500 м², а во периодот кој следи ќе продолжиме со санација и на други улици.
Пред почетокот на активностите беше извршен детален увид на терен, од страна на општинските служби, а земени беа во предвид и барањата и пријавите доставени од граѓаните.
Преку оваа интервенција, се подобрува безбедноста во сообраќајот, се олеснува движењето на возилата и се продолжува векот на локалната патна инфраструктура.
За реализација на овие активности, во Буџетот на Општина Берово за 2026 година, се предвидени околу 2.000.000 денари.
Остануваме посветени на создавање побезбедни, поквалитетни и поуредени улици за сите граѓани.”
-напиша на социјалните мрежи Петар Ружински- Градоначалник на Берово.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга