И покрај негативните наоди во однос на работењето на општина Делчево по повеќе основи од страна на неодамна објавените извештаи на Државниот Завод за ревизија, продолжува расипничкиот и недомаќински однос во работењето на актуелниот градоначалник на општината.
Според информации до кои дојде нашиот портал во текот на оваа работна недела градоначалникот работно ангажирал 4 нови лица на терет на општинскиот Буџет кој што со децении е со блокирана сметка, а со сериозни судски и извршни процеси ваквата состојба се влошува секојдневно.
Иако во општинската каса нема пари за реализација на исплата огромни суми на пари за работата на Советниците при Советот на Општина Делчево или пак за исплата на законски предвидените плати и надоместоци за пожарникарите во ТППЕ Делчево, сепак Градоначалникот дополнително ангажира нови лица што дополнително ја продлабочува буџетската дупка во јавниот буџет на граѓаните.
Дали ваквата недомаќинско постапување не е свесно доведување во опасност на работењето на општината од страна на нејзиното Одговорно лице (градоначалникот) е прашање кое што допрва треба да биде одговорено од надлежните институции во државата.
За ваквата состојба во прилог на ТВ Стар од Штип во јавноста зборува и Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски кој што алармира дека градоначалникот не ги исплаќа законските паушали за работата на советниците кои што се натрупале дури по над 280 илјади денари по советник. Ако се пресмета целата сума станува збор за повеќе од 4 милиони денари неисплатени сретства кон 15-те советници во општинскиот совет. Дополнително на ваквата состојба на неподмирување на хонорарите за советниците се накалемува и проблемот со неплаќањето на огромни суми на плати и надоместоци на пожарникари од ТППЕ Делчево кои што по судски пат мораат да си ги наплатуваат своите со труд и време заработени пари.

“За одржани 43 седници на Совет на општина Делчево Градоначалникот должи по 281 0227 денари за што еден член на совет има поднесено и тужби кои што дополнително ќе го оптеретат и Буџетот на општина Делчево по основ на судски и извршни трошоци,”
-вели во изјава за ТВ Стар Иван Гоцевски- Координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Советот на Општина Делчево за неисплаќањето ан паушалите кон делчевските советници.
Општина Делчево освен што должи на членовите на Совет на општина Делчево должи и на пожарникарите по основ на плата, надоместок на плата и додаток на плата за што сведочат и добиените судски спорови и судските порамнувања кои што неколку пожарникари ги имаат добиено и на суд… некои пожарникари имаат дури и по над 9 илјади евра побарувања кон општината,
-вели Иван Гоцевски за ТВ Стар.
Целиот прилог може да го погледнете во продолжение:
Градоначалникот Горан Трајковски во повеќе наврати предизборно ветуваше намалување на долгот на општината, но наместо подобрување на ситуацијата ЕЛС Делчево поради дополнителни вработувања кои се реализираат оваа недела помеѓу другото се по драматично ќе продолжи да тоне кон целосен финансиски колапс доколку не се превземат мерки за подобрuвање на состојбата.
Ваквите вработувања на терет на Буџетот на општина Делчево се реализираат во предизборна година, во состојба кога партијата СДСМ од која што потекнува Градоначалникот Горан Трајковски е со катастрофално најлош рејтинг во историјата на оваа партија како во Делчево така и во Македонија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција