Општина Кочани го објави конкурсот за две стипендии за спортисти – спортска надеж на Кочани, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2025 година, во машка и во женска конкуренција.
Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а стипендијата ќе се доделува десет месеци. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.
Право на стипендија имаат жители на општина Кочани на возраст од 17 до 20 години, кои се членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт, со решение за вршење дејност спорт. За стипендијата може да конкурираат членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем-натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години, спортисти во индивидуални спортови врз основа на остварени спортски резултати според утврдена ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од страна на Националната спортска федерација. Исто така, во конкуренција влегуваат и спортисти во екипни спортови, врз основа на составот на репрезентациите до 20 години според утврдена ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од соодветниот спорт, подготвени од страна на националните спортски федерации, како и учесници на национални или меѓународни систем-натпревари во: борење, велосипедизам, гимнастика, карате, кошарка, скијање, тенис, триатлон, фудбал, шах…Критериумите за бодување и потребната документација за конкурирање се опишани во целосната објава на конкурсот на веб-страницата на Општина Кочани. Рокот за пријавување е до 10 април 2026 година.
Конкурсот е достапен на сл. линк тука.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сали и Хоџа: Потребна е итна акција за подобрување на имплементацијата на ИПА проектите во животната средина
Филков: Правдата мора да биде видлива – реформите носат резултати
Средба Савески – Рокас