Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата.
“Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти”, истакна Савески.
Амбасадорот Рокас му го честиташе изборот на една од највисоките функции во правосудството и му посака успешна работа.
Во разговорите тие заеднички се осврнаа на приоритетите во однос на борбата против корупцијата и на суштинско враќање на довербата на граѓаните дека правосудниот систем функционира.
Савески и Рокас се согласија за потребата од стабилен буџет за јакнење на капацитетите на Јавното обвинителство. Амбасадорот Рокас ја изрази поддршката за независноста и за јакнење на транспарентноста на обвинителството.
Државниот јавен обвинител ја искористи можноста да се заблагодари за континуираната поддршка од ЕУ за Јавното обвинителство, но и за владеењето на правото во нашата земја воопшто.
Извор: ЈОРМ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи