БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова е реалноста со години. Владата одби да го гради алтернативниот пат преку Бигла

Пренеси го гласот

Оваа грозоморна слика е фотографирана вечерва на патот Делчево-Македонска Каменица Кочани во атарот на село Драмче поради која сообраќајот е во прекин.

Со вакви и слични слики се соочуваат секојдневно илјадници граѓани на овој регион кои што го користат регионалниот пат А3 Делчево-Македонска Каменица-Кочани.

Патот кој што е граден како сообраќајница за потребите на Рудникот Саса и нивните камиони кои изнесувале руда, во 60-тите години од минатиот век, по своите сообраќајни карактеристики не ги задоволува основните сообраќајни потреби на граѓаните во услови на постоење на модерни моторни возила и транспортни сретства. Баш напротив претставува реална опасност по безбедноста на сообраќајот и критична делница на која се случуваат голем број сообраќајни незгоди.

Овој постоен пат што е именуван како А3 во номенклатурата на јавното претпријатие за државни патишта на РМ  во 60-тите години од минатиот век го заменил претходниот пат преку село Бигла кој што тогашните транспортни сретства го користеле за комуникација меѓу овие три општини. 

Патот преку Калиманско поле и село Бигла е проект кој што беше развиван во времето на владата на Љубчо Георгиевски и во поодмината фаза беа голем дел од земјените работи на оваа делница. Но во периодот 2002-2009 истиот воопшто и не се спомнуваше од страна на тогашните влади за потоа поинтензивно во наредните години да почне да се размислува на таа тема.

Во 2012 година од страна на тогашните претставници на Владата на Р. Македонија, во јавноста беше предложено техничко решение со кое се предвидува изградба на оваа делница со автопатско решение која што е дел од автопатот Миладиновци-Штип-Виница-Граничен Црна Скала кај Делчево.

Неодамна на седница на Комисијата за финансии и буџет која се одржува во Собранието на Република Македонија Пратеникот Никола Мицевски предложи овој проект да влезе во програмата на Владата во наредната 2019 година но истиот беше отфрлен од страна на претставникот од Владата.

До кога жителите на овие 4 општини ќе мора секојдневно да си го ризикуваат својот живот по овој катастрофален пат останува да видиме.

Креирано од:


Пренеси го гласот